Памела Андерсон била силуваа во основно училиште!


Американската глумица Памела Андерсон одлучила да проговори за случувањата од својот приватен живот и притоа да ја открие шокантната вистина, дека во основно училиште била силувана.

pamela-oneПознатата „Плејбој“ зајачица како дете била злоставувана од дадилката, додека нејзиното прво момче ја присилило на групен секс.

Памела Андерсон во текот на хуманитарната вечера која е организирана во Кан, проговорила за своето детство откривајќи дека во основно училиште била жртва на насилство и силување.

– Имав 12 години кога постариот брат на мојата пријателка ме силуваше. Беше 13 години постар од мене. Почна со масажа на грбот, а заврши со насилство – изјавила глумицата.

Памела досега, никогаш немала храброст да проговори за своето трауматично детство. Таа исто така открила дека дадилката ја злоставувала кога имала само шест години, а една година по првото брутално силување ја искористил и нејзиното поранешно момче, чие име не сакала да го открие.

– Собра шест свои пријатели и сите ме силуваа. Сакав да умрам од болка и од срам – рекла Памела и додала дека се надева, дека нејзиното искуство ќе им помогне и на другите, особено на младите во борбата против насилството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1