Пандата Ал Хин, жител на Ченгду истражувачкиот центар во Кина, ги воодушеви своите чувари кога почнала да покажува симптоми на бременост.
Се движела помалку, а на почетокот дури и го изгубила апетитот. Со оглед на тоа дека само петтина од женските панди воопшто забременуваат, а на тој вид му се заканува изумирање, чуварите биле толку воодушевени што веќе подговиле и опрема за видео снимање на породувањето.
Меѓутоа, тестовите кои следиле покажаа дека пандата Аи Хин никогаш не била бремена, а експертите веруваат дека симптомите на бременост ги одглумила.
Ако и лажела, имала силна причина за тоа: бремените панди во тој центар добиваат соба само за себе, а им се дава и повеќе бамбус и овошје. Ву Кјонг, експерт за панди, рече дека тоа не е прв пат пандите да лажираат бременост.