Пандев тужи туристичка агенција – од негова картичка плаќале туѓи патувања


Горан Пандев тужи туристичка агенција во Италија, која го оштетила за 6.300 евра со злоупотреба на неговата кредитна картичка за плаќање патувања на други лица без негово знаење, пишува весникот „Месаџеро“.

pandev19Заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано покрена истрага во која засега е осомничена само една жена за поткраднувањето на македонскиот фудбалски репрезентативец во периодот од 2004 до 2009 година, кога тој играше за Лацио.

Таа имала увид во кодовите на кредитната картичка на сегашниот напаѓач на Наполи, со која се платени неколку авионски билети до Париз, до Милано, до Франкфурт, до Амстердам и до Глазгов. Случајот го открила банката што му ја издала картичката на Пандев, која забележала кусок на неговата банкарска сметка и чудна низа од исплати, па го информирала за тоа, а тој, откако се уверил дека бил измамен, решил да покрене тужба.

Како и многу други познати личности во Италија, и Пандев во наведениот период ја доверил организацијата на своите патувања на агенција, која во неговиот случај се занимавала со организирање патувања и на фудбалски екипи. Без да биде свесен за тоа, најскапиот македонски фудбалер во историјата „почестил“ со авионски и со железнички билети играчи од други тимови, па дури и членови на нивните семејства.

derbi.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1