ПАНИКА: Македонците со бугарски пасош се плашат од служење војска


Посредниците за добивање бугарски пасоши велат дека деновиве се преплавени од јавувања на луѓе кои веќе извадиле пасош или нивната процедура е во тек и се исплашени дека покрај сумата што ја платиле да дојдат до пасошот, сега ќе имаат дополнителни давачки, пишува Телеграф.мк.

Написите во медиумите дека сопствениците на бугарски пасоши кои не живеат во Бугарија ќе мора да плаќаат казни или да служат војска внесоа вознемиреност кај македонските граѓани што поседуваат патни исправи од источниот сосед.

bugarski pasosПосредниците за добивање бугарски пасоши велат дека деновиве се преплавени од јавувања на луѓе кои веќе извадиле пасош или нивната процедура е во тек и се исплашени дека покрај сумата што ја платиле да дојдат до пасошот, сега ќе имаат дополнителни давачки. Процените се дека бројот на македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши е околу 50.000.

–  Изминативе денови се јавија повеќемина на кои им средив да добијат пасоши по скратена процедура и за која платија околу 500 евра. Прашуваат дали се точни пишувањата во медиумите дека ќе треба да плаќаат казни и дали и нивниот пасош ќе оди на проверка. Не знам што да им кажам бидејќи мојот партнер од Софија сѐ уште проверува за што станува збор – вели еден од посредниците за Телеграф.

Медиумите во Софија деновиве објавија дека Државната агенција на Бугарите во странство изминатите години им издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажале бугарското потекло.

Од неодамна стапија во сила и измените во Законот за бугарско државјанство, според кои, Македонците, како и сите останати што сакаат да дојдат до пасош, ќе мора да полагаат испит за познавање на бугарскиот јазик.

bg-vojska500Бугарскиот весник „Труд” објави дека Агенцијата во која се аплицира за вадење документи одбива да му даде на министерството за правда досиеја на 2.000 странци што добиле документи за бугарско потекло и на брз начин стигнале до државјанство. Агенцијата одбива да ги даде овие податоци со образложение дека тоа се чувствителни лични податоци.

Поради тоа, Државното обвинителство најави дека ќе ги проверува веќе издадените државјанства, но и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година. За Обвинителството е спорно и тоа што во пасошите на новите бугарски државјани од Македонија како место на живеење според личната карта се појавуваат исти адреси, и тоа во околината на Благоевград и на Ќустендил.

Доколку се докаже дека имало манипулации со издавањето на пасошите, Бугарите што живеат надвор од границите на Бугарија ќе треба да служат војска во армијата или да платат околу 2.000 лева, односно околу илјада евра плус данок.

pasos bugarijaТелеграф денеска контактира со Државната агенција на Бугарите во странство и со министерството за правда, но не добивме одговор дали манипулациите со издавањето пасоши ќе ги погоди и граѓаните од Македонија.

Бугарскиот пасош стана особено атрактивен откако на почетокот од годинава, покрај земјите од Унијата, со него се овозможува непречено да се работи во Велика Британија и во Швајцарија.

Минатата година имало вкупно 17.500 барања за државјанство на Бугарија. Полека опаѓа трендот на побарувачка на бугарски пасош како од Македонија така и од земјите од регионот. Лани барање поднеле 1.041 Албанец, а во првата половина од оваа година имало само 202 барања од Албанија. Од жителите на Косово минатата година аплицирале вкупно 250. Од почетокот на годинава се поднесени 98 барања од косовски државјани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1