Полицијата на Еулекс во соработка со единицата за специјални операции на косовската полиција(РОСИ) вчера уапсила пет лица осомничени за воени злосторства.
Упсени се Сами Луштаку, претседател на општината Скендерај, Јахир и Зеќир Демаку, Хисни Тачи и Сахит Јашари. Апсењето го потврдил и адвокатот Ариан Кочи, кој го застапува Луштаку, за кого тврди дека е невин. Обвинител во случајот е Маурицио Салустро.
Петмината се товарат за воени злосторства против цивилното население во форма на насилство на телото и здравјето на цивилите кои биле чувани во центар на ОВК во Ликовец, општина Скендерај. Меѓу обвинитеите се уште дванаесет поранешни припадици на ОВК, меѓу нив и Сулејман Селими, актуелен амбасадор на Косово, во Албанија. За Селими се води истрага и за убиство на еден цивил. Обвинителот на Еулекс, го повикал Селими од Тирана да дојде во Приштина и да се јави во Еулекс.
Како што претходно јави поталот Индексонлај, по спроведената истрага покренато е обвинение пртив амбасадорот Селими, поранешен Командант на Генерал штабот на ОВК, познат под псевдонимот„Султани“(Султан) и шеснаесет негови соборци,познати како „Групата од Дреница“. По косовската војна Селими беше Командант на безбедносните сили на Косово. Минатата година, премиерот Хашим Тачи, го наименува за амабсадор на Косово во Албанија.