Паника на социјалните мрежи: Дете починало од рaсфрлан отров, веста е лажна


паника меѓу граѓаните се рашири вчера кога на Фејсбук почна да се споделува вест дека од отров фрлен за кучиња се отруло дете кое се бори за живот на скопските клиники. Вестите отидоа дури дотаму, дека детето починало.

Во коментари граѓаните појаснуваа за каков отров станува збор и како дошло до труењето.

Меѓутоа, простор за паника нема. Таквата вест, како што ни потврдија од детската клиника, е лажна.

– Тоа е комплетна дезинформација, не е вистина. На нашата клиника нема ниту такво дете примено, ниту пак умрело – вели директорката на детска клиника, Катерина Ставрич, во изјава за „Слободен печат“.

izvor- sloboden pecat

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1