Нема известување дека градинката нема да работи. Значи, се е под контрола и градинката нормално ќе си продолжи со работа, а родителите без грижа можат да ги оставаат своите деца, смируваат од општина Бутел пишува Вечер
Веста која молскавично се прошири меѓу родителите, дека имало четири заболени деца од шарлах во клонот “Бутел” на градинката 11 Октомври” во скопската општина Бутел 1, вчераутро предизвика паника.
На родителите при предавањето на своите деца им било кажано дека во градинката имало деца заболени од шарлах, и тоа вкупно четири досега и поради тоа, им било препорачано ако можат да се снајдат, да си ги чуваат своите деца дома.
Нема деца болни од шарлах”, децидно одговори Снежана Клинчарова, портпарол на општина Бутел, која вечер ја контактирал откако не можеле да стапат во контакт со директорката на градинката, Лена Спирова – Младеновска.
(ВЕЧЕР ја побара директорката, но нејзината секретарка не упати да се јавиме следното утро, затоа што директорката била во посета на некој објект.)
Откако ги известиле надлежните во општина Бутел за паниката меѓу родителите, тие стапија во контакт со директорката.
– Станува збор за само еден единствен случај на шарлах. Мајката била на лекар со бебето и кај него е дијагностициран шарлах. Меѓутоа, мајката немала каде да го остави детето, па го оставила во градинка. Воспитувачките го примиле бебето, но веднаш го изолирале и не дозволиле мешање со другите деца. Веднаш бил известен и Заводот за епидемиологија, од каде што по пријавата, нивен тим веќе два пати бил на терен – вели Клинчарова.
Од Заводот рекле дека нема опасност градинката да продолжи да работи нормално, тие ја следеле состојбата на детето, а се барал изворот на зараза. Поради ова, вчера надлежните со сигурност тврдеа дека нема други случаи на заболени деца од оваа заразна болест.
Директорката била изненадена од однесувањето на нејзините вработени и ветила дека веќе денес ќе провери кои воспитувачки ширеле дезинформации и зошто.
Нема известување дека градинката нема да работи. Значи, се е под контрола и градинката нормално ќе си продолжи со работа, а родителите без грижа можат да ги оставаат своите деца”, смируваат од општината.