Р0зев снег падна во Италија (Видео)


На планинскиот масив Доломити, на северот на Италија беа забележани врнежи од снег со црвена боја.

sneg-(1)_620x0Се работи за Африкански пустински песок кој доаѓа до Европскиот континент преку движењето на воздушните маси. Ова се случува икај нас – слични вакви врнежи од дожд и песок беа забележани и во Хрватска и Словенија вчера, но наместо црвенкаст снег паѓаше валкан снег полн со песок.

За денеска метеоролозите во овој дел од Европа најавуваат дека дождот со песок од северот на Африја ќе се прошири кон Далмација.

Освен топлото време, воздушната маса измешана со пустински песок донесе и многу прашина на Медитеранот. Пустинскиот песок стигнал до Алпите, а најфасцинантните пејзажи денеска можеа да се видат на италијанските Доломити каде што паѓал црвенкаст снег на висина од над 2.000 метри.

Пустинскиот песок од Сахара заради неговиот состав од мали зрна, лесно може да биде подигнат и при послаби воздушни струења и потоа истиот да биде транспортиран на поголеми растојанија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1