Бомба експлодира вечерва во близина на домот на бродосопственик во центарот на Атина, во непосредна близина на Акропол. Експлозијата предизвика материјална штета, но нема жртви или повредени лица, соопшти полицијата, пренесува МИА
Експлозијата се случи во 20 часот и 30 минути по локално време, по телефонски повик во грчки весник дека претстои експлозија.
Портпаролот на полицијата изјави дека полицајците на терен успеале да евакуираат неколку луѓе од зградата и да го изолираат туристичкиот објект.
Не е познато името на бродосопственикот. Засега се уште никој не презема одговорност за нападот.