Паника во Србија – Чавки и обични комарци го пренеле вирусот Западен Нил


По испитувањата на хоспитализирните лица заразени со вирусот ,, Западен Нил,, утврдено е дека во Србија вирусот го донеле заразени Гаврани, а не го пренесуваат ни тигрести туку најобичните домашни комарци, тврдат епидемиолозите.

Оваа информација предизвика паника во Србија. Претходно се мислеше дека заболените се заразиле додека биле на летување во Грција и дека со оглед на фактот дека вирусот не се пренесува од човек на човек, нема опасност да се зголеми бројот на заразени, но по оваа информација дека преносител се обичните комарци жителите се во паника.

Една жена почина а 23 се во болница со потврдена зараза од вирусот ,,западен нил,, во Србија

– не се во прашање тиграсти комарци, утврдивме дека заразата ја пренеле наши, локални комарци кои и се излегле во Србија. Сите комарци кој бодат и цицаат крв се преносители, преносител може да се и буви. Утврдивме дека првично заболени биле гаврани, а комарците од нив ја пренеле инфекцијата кај заразените. Во Србија овој вирус има активно присуство веќе 2 години, изајвила Босилка Џуричиќ професор на катедрата за заразни болести кај животните на Ветеринарниот факултет во Белград.

Клучни за преносот на овој вирус се сепак обичните комарци тврди др Босилка Кртиниќ која е експерт за комарци од новосадската ,,циклонизација,,

,, тигрестиот комарец е главен за пренос на ,, денга,, и ,,Чикунгуја,, вирусот, додека вирусот западен нил со научни студии е докажано дека го пренесува домашниот комарец. Основен резервоар на вирусот ,,западен нил,, пак се птиците. Вели др Кртиниќ.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1