Паника во Србија: КИДНАПИРАНИ службеници од српската амбасада во Либија


Двајца службеници од српската амбасада во Либија се киднапирани пред неколку часа. Информацијата за српските медиуми ја потврдиле и од Министерството за надворешни работи.

libija2

Киднапирањето е извршено во градот Сирт. За инцидентот веднаш се известени и безбедносните служби на Србија и Либија. Едниот е возач а другиот службеник во амбасадата.

Како пренесува Блиц министерот Ивица Дачиќ веќе се слушнал со неговиот колега во Либија.

Сирт се наоѓа помеѓу Триполи и Бенгази. Овој град беше и најголемата поддршка на Моамер Гадафи и неговите следбеници за време на граѓанската војна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1