Осум пациенти починаа за една недела во болница од бактерија отпорна на антибиотици во Србија.
Сите починати пациенти биле оперирани на одделот за ортопедија во болницата во Ужице, а на нив биле извршувани ортопедски зафати кои воопшто не се опасни по животот. Сите по операцијате добивале дијареа и умирале во рок од 48 часа.
за само 7 дена од бактеријата клостридија бифицилус која е отпорна на антибиотици, починале 8 пациенти. Оваа бактерија лесно се пренесува, а во организмот прави буквлано хаос. Починатите се луѓе на средна и постара возраст и сите имале исти симптоми.
Српскиот завод за здравство го испитува случајот. Според српските медиуми, на одделот за хирургија во истата болница, инспекцијата наредила итна промена на душеците, па постои сомнение дека бактеријата се шири преку нив.
„Правиме истражувања и без конкретни резултати не можам ништо да кажам, се надевам наскоро ќе имам детали“, изјавила директорката на Заводот за јавно здравје Билјана Мијовиќ.
Во болницата е прогласена епидемија.