-Украина има доволно гас, само за уште еден месец, изјави Министерот за енергетика Јури Продан
Говорејќи за можните начини да се намали потрошувачката на гас, тој истакна дека некои постројки во земјата престануваат да го користат, како што се затоплува времето.
-Исто така мораме да разгледаме и да најдеме постројувања, кои би можеле да бидат снабдени со јаглен, наместо со гас, додаде тој.
Ситуацијата во Украина, што се однесува до гасот, станува уште потешка, бидејќи Русите во последните три дена, драстично ја зголемија цената на гасот. За 72 часа, цената за 1.000 кубни метри гас порасна од 268 на 485 долари, што е зголемување за 80%. украинскиот премиер, Арсениј Јацењук ја осуди „политичката одлука“ на Русија, чија цел, како што наведе, е поткопување на економските и социјалните сигурности на земјата.