Папата Франциск донирал 50.000 евра за настраданите во поплавите што на 6 август го зафати Скопско истовремено и за штетите предизвикани од земјотресот на 11 септември, објави интернет порталот „Katolici.mk“
-На 22 септември 2016 година Апостолската нунцијатура во Македонија го извести Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов, дека Папскиот совет „Cor Unum” одобри 50.000 евра,дар на Светиот Отец папата Фрањо,за настраданите од неодамнешните поплави што го зафати Скопје на 6 август и земјотресот од 11 септември 2016 година, пишува порталот.
Франциск по поплавите што го зафати Скопје на 6 август упати сочувство до семејствата на загинатите во поплавите.