Оскар Писториус, јужноафриканскиот параолимпиец, ја застрелал својата девојка, во неговиот дом во Преторија.
Полицијата соопшти дека девојката е застрелана во главата и во раката, а починала на лице место.
Точните околности на убиството не се познати, но се претпоставува дека Писториус ја помислил дека е провалник.
Полицијата добила повик околу 4 часот наутро но повикот не бил од Оскар.
Кога дошле на местото ја затекнале екипата на брза помош која констатирала дека 30 годишната девојка починала на самото место.
Пронајден е и пиштол 9мм.
26-годишниот тркач, познат како блејд ранер, е првиот човек со двојна ампутација на нозете кој трчаше на Олимпијадата.
Неговата девојка е модел Reeva Steenkamp
Јужна Африка има висока статистика на криминал, а многу жители чуваат оружје дома за да се одбранат од криминалците.