Пари од алкохолот ќе одат во здравството


Од следниот месец еден денар од литар пиво и 40 денари од тон увезен чист алкохол, место во државниот буџет на име на акцизна стока ќе се слеваат во касата на Министерството за здравство.

33335-0407_alkohol__Според пресметките на министерот за здравство Никола Тодоров, од ова здравството годишно ќе добива пет милиони евра кои ќе се користат за проекти за мајки, новороденчиња и други проекти.

Со измените на Законот за здравствена заштита, од 13 јули секој матичен лекар задолжително треба да испрати до Јавните здравствени установи термини кои ќе ги резервира за своите пациенти. Потоа директорот на установата ќе направи список на термините и ќе ги истакне на јавно место.

Измените исто така предвидуваат одземање на лиценцата на лекарот доколку тој спротивно на законот работи како консултант во приватна здравствена установа. Лекарите од државното здравство ќе смеат да работат во приватна установа само доколку двете установи имаат потпишан договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1