Пари за трето дете само со редовни вакцини


Паричната помош која државата ја дава за третото дете, ги условува мајките со редовна вакцинација на детето и со редовни контроли во текот на бременоста, пишува Плус Инфо.

Условот со вакцините особено ги револтира родителите кои се повикуваат на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми, според која што секој родител може да одбие вакцинација на своето дете не само поради здравствени причини, туку и поради лично или верско убедување. Исто така и според Законот за заштита на правата на пациентите, во член 14 се утврдува правото за прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција.

vakcinacijaНеинформираноста за овој дел од законот, исто така претставува голем проблем за родителите. Во рекламните кампањи кои ги спроведува власта за поттикнување на многудетното семејство, овој битен сегмент не се открива.

Мајка од Скопје која го очекува своето трето дете, а која сакаше да остане анонимна, разочарано вели дека доколку претходно знаела за условот со вакцините, немало да се одлучи за третата бременост. Таа се сомнева дека нејзиното второ дете, кое сега има шест години и се уште не зборува, а покажува и знаци на аутизам, токму по примањето на вакцина ММП почнало да стагнира во развојот. Од претпазливост решила третото дете да не го вакцинира, но сега случајно дознала дека доколку го стори тоа нема да ги добива најавените 8.000 денари месечно за следните 15 години, кои ги планирала како помош за одгледување на детето

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека кај нив не е пристигната ниту една поплака во врска со неодобрено право на родителски додаток поради невакцинирање на дете. А, потврдите за вакцинација на детето се поднесуваат при остварување на правото, како и во текот на користење на правото.

Сепак, мајката може да продолжи да добива парична помош доколку од оправдани причини не може да се изврши вакцинирање на детето, со доставување доказ од соодветна здравствена установа. По отстранување на причините, мајката ќе мора да достави потврда од здравствената установа дека дополнително вакцината е примена.

Родители кои аплицираат за оваа помош од државата, исто така, сметаат дека и постапката е комплицирана, бидејќи секоја година вадат документи со кои се утврдува дека детето е редовно вакцинирано, докази дека детето не е дадено на посвојување или дека не им е одземено родителското право, како и дека редовно посетуваат училиште.
Ако мајката поради болест не може да дојде да ја обнови документацијата, тогаш е потребна и потврда дека е болна.

Plus Info 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1