Паричката кај Заев паднала кај Господ, кај Иванов во домот, додека кај Шилегов најсреќен бил неговиот син


Премиерот Зоран Заев Нова Година ја дочека во Солун со солунскиот градоначалник, а Божиќ го дочека со семејството во Срумица.

Паричката од бадниковата погача се паднала кај Господ во семјеството Заеви.

Иванов посака да бидеме сплотени, единствени и солидарни во текот на целата година како што сме за време на празниците.

Тој кажа дека синоќа паричката кај нив паднала во домот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов порача оваа година сите да работат на подобрување на квалитеот на животот на луѓето и посака 2018 година да биде година кога политички ќе се стабилизира земјата.

Тој кажа дека паричката од бадниковото лепче во нивното семејство паднала кај неговиот син.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1