Парите за боледувања ќе се исплаќаат истовремено со платите за останатите вработени


Фондот за здравство најави дека го менува системот за исплата на боледувања и за породилно отстуство, со што парите побрзо ќе легнуваат на сметката на осигурениците. Според директорите на институцијата, Сашо Стефановски и Орхан Рамадани, ефикасноста ќе се зголеми со нов електронски систем. Наместо како досега, секое барање да поминува низ бирократска процедура, сега самиот програм поврзан со неколку институции, самиот ќе генирира налози за исплата и известувања доколку има проблеми.lekar-broji-evre_mito

Еве што изјави Орхан Рамадани- директор на ФЗОМ:

„Фондот  овозможи ново софтверско решение така што исплатата за боледувања и за породилно ќе се врши истовремено со исплатата на платите на останатите вработени.

Неколку предности на новиот софтвер:

–          Побрза обработка на предметите

–          Автоматски контроли и пресметки на придонесите од страна на Фондот

–          Осигурениците кои користат породилно отсуство ќе добијат надоместоци истовремено кога ќе добијат плата другите вработени

–          Исплатата на надоместокот за породилно нема да зависи од исплатата извршена од работодавецот

–          Забрзано пресметување на надоместоците за исплата, поради електронската поврзаност  со надлежните институции

–          Исплатата за породилно Фондот ќе ја врши и во случаи кога во меѓувреме, на осигуреничката и завршува договорот за работа

–          Автоматско испраќање на известувања кај фирмите, за да се исправат направените пропусти, за да може да се изврши исплатата за боледување.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1