Скриени меѓу мигрантите – Над 4000 припадници на ИСИЛ влегле во Европа


Исламската држава успешно го спроведува планот за инфилтрирање на свои оперативци во европските држави, кои во иднина треба да извршуваат терористички напади.  Тоа го тврди по­ра­неш­ни­от опе­ра­ти­вец на си­ри­ска­та тај­на служ­ба кој се­га ра­бо­ти за по­тре­би­те на во­е­на­та ко­ман­да на ИСИС. Тој на своите за­пад­ни ко­ле­ги им пре­нел шо­кант­ни ин­фор­ма­ции, дека по­ве­ќе од 4.000 при­пад­ни­ци на ИСИС се ве­ќе ста­ци­о­ни­ра­ни во Евро­па, од Ли­са­бон до Вар­ша­ва, од Бер­лин до Рим и од Ати­на до Хел­син­ки.djihad balkan

Сирискиот оперативец потврдил дека само тој испратил голем број борци на ИСИЛ во Европа. Дел од нив да ги посетат своите фамилии, а дел да останат таму подготвени за извршување на задачи во иднина.

-Нашиот сон е дека треба да има Калифат секаде во светот, а не само во Сирија. И мислам дека со Божја волја ќе го оставриме тоа, изјавил оперативецот на Исламската држава.

Според информациите, го­лем дел од борците кои се наоѓаат на европско тло не­ма­ат со­од­ве­тен тре­нинг за из­вр­шу­ва­ње сло­же­ни те­ро­ри­стич­ки опе­ра­ции, но тие се под­го­тве­ни за са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди. Ме­ѓу нив има и лу­ѓе што во кам­по­ви­те на ИСИС пред за­ми­ну­ва­ње до­би­ле зна­е­ње за ра­ку­ва­ње со експ­ло­зи­ви и за ко­ри­сте­ње еле­ктрон­ски на­пра­ви за акти­ви­ра­ње за­па­ли­ви ма­те­ри­ја­ли.

Ре­чи­си си­те се обу­че­ни за ко­ри­сте­ње авто­мат­ско оруж­је, кое, спо­ред си­те за­пад­ни служ­би, за 500 до 2.000 евра мо­же лес­но да се ку­пи на цр­ни­от па­зар во Евро­па.

Оперативецот на ИСИЛ потврдил дека мета на нападите во Европа ќе бидат Западните влади, а не цивили.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1