Градските власти во Париз одлучиле да го намалат загадувањето на воздухот во Париз и околината така што од 1 јануари ќе го забранат ложењето во камините.
Оваа мерка наишла на отпор кај многу љубители кои сакаат да се топлат покрај камините бидејќи стравуваат дека ќе исчезне магијата на огнот во каминот, како и различните здруженија кои истакнуваат дека камините не се големи загадувачи и дека во нив огнот се ложи неколку пати годишно, главно за празниците и за прославите.
– Ширењето на ситните честици во чадот од каминот е ист како и ширењето на издувните гасови на автомобилите кои патуваат повеќе стотици километри – изјавил одговорниот за животна средина и енергетика Жилиен Асун.
Според неговите зборови на подрачјето на Париз и периферијата постојат 100.000 камини кои со 25 отсто учествуваат во загадувањето на воздухот со ситните честички.
Со тие податоци не се сложува претседателот на организацијата „Шумите во франција“, Лоран Денорманди кој ја критикувал одлуката за забраната на ложење на огнот во камин, донесена на иницијатива на одборниците на еколошките партии.
Тој навел дека огнот во каминот на дрва учествува во загадувањето на воздухот со само 5 проценти, додека па учествоот на возилата е 40 отсто.
Одлуката на париските власти ќе влијае на неколку професии а најмногу се засегнати оџачарите.
– Од 135.000 камини во Париз се користат 10 отсто и тоа 6 до 7 пати годишно . Тој оган се ложи од задоволство. АПрижаните не се греат со оганот од каминот. Разиграните пламени се резервирани за семејни прослави, Божик, дружење со пријателите и романтични сотаноци – изјавил претставник на здружението на оџачарите на Париз, Тиери Пујо.