Идентитетот кој е наведен во сирискиот пасош пронајден крај еден од извршителите на атентатите од петокот вечерта во Париз може да оговара на оној на припадник на сириската војска на владата на претседателот Башар ал-Асад, кој бил убиен пред неколку месеци, изјавиле во вторникот за AFP извори блиски на истрагата.
Тој пасош гласи на име Ахмад Мохамад, роден на 10-ти септември 1990 година во Идлиб, во северозападна Сирија. Пронајден е покрај телото на еден од џихадистите кој се разнел со бомба во петокот навечер во близина на стадионот „Stade de France“, во северниот дел од Париз.
Сите елементи укажуваат на тоа дека може да станува збор за припадник на силите кои се лојални на сирискиот претседател, навел соговорникот на агенцијата, кој смета дека во врска со тоа постојат две хипотези: пасошот е преправен или станува збор за фалсификуван документ со преземен идентитет.
Овај пасош го носел имигрант кој е регистриран на 3-ти а според некои извори на –ми октомври на грчкиот остров Лерос, каде што пристигнал од Турција.
Овој имигрант, чиј вистински идентитет допрва треба да биде утврден, ја напуштил Грција на непознат датум, а по неколку денови е регистриран во Хрватска.