Војислав Шешељ ја искористи кавгата мегу судиите во хашкиот трибунал и наскоро може да биде ослободен. Судскиот совет соопшти дека по барање на Шешељ е сменет судијата што го водеше неговиот процес – Фредерик Хархоф за кој судиите одлучиле дека не е непристарсен и има предрасуди кога се работи за Србите.
Писмото во кое судии од хашкиот трубунал за прв пат се обвинети од свој колега дека работат под притисок на владите на Америка и западните земји го искористи Шешељ кој побара отповикување на Хархоф. Интресен е фактот што барањето за отповикување, Шешељ го испрати директно до ривалот на Хархоф – Теодор Мерон.
Се чини дека судиите и немаа избор освен да го иземат Хархоф како би го заштитиле нарушениот кредибилете на судот. Адвокатот на Шешељ оди и чекор понатаму – според него бидејки нема одредено заменик судија за случајот на неговиот клиент , Шешељ наскоро ќе биде и ослободен ,а тужбите против него ќе бидат отфрлени.
Нема коментар од Хаг дали е можен ваков расплет .На Војислав Шешељ му се судеше за иволвираност во воени злосторства.Тој сам се предаде во 2003 та,а судскиот процес против него формално почна дури во 2007 мата,но беше одложен и стратуваше дури во 2009 та .