Пасбук: Патување без пасош


Доколку апликацијата „Passbook“ наскоро заживее, како што се надеваат во „Apple“, патувањето без пасоши и документи многу набрзо би можело да стане наша реалност.


Неодамна лансираната од iPhonе5, апликација „Passbook“ претставува прв чекор на „патување без документи“. Од моментот кога се престројуваме на аеродромот, преку она што купуваме за време на тамошниот престој, до повикувањето на такси и сместувањето кое што го плаќаме кога конечно ќе стигнеме на посакуваната дестинација – се ова со смартфон, на следите генерации ќе им биде значително олеснето.

Со натамошниот развој на ваквите апликации би требало да дојдеме до момент кога пасошите во сегашен облик би станале непотребни.
„Passbook“ апликацијата за сега му овозможува на корисникот, да поседува документи, како авионска карта и резервација за сместување во својот телефон.

Благодарение на технологијата, вашата карта ќе биде автоматски прочитана кога ќе пристигнете на аеродромот. Доколку се случи летот да биде откажан или одложен, сите промени автоматски ќе бидат внесени во вашата дигитална карта.
На дигиталниот стимул кој ја покрена апликацијата „Passbook“ му се приклучија во изминатите неколку дена и „Airbnb“, „Eventbrite“ и „Mekdonalds“.

„Apple“, сепак не е прв кој ја покрена оваа апликација. Сличен проект за мобилните телефони веќе од 2007 година, применуваат авиокомпаниите како што се „AirAsia“, „Cathay Pacific“ и „Japan Airlines“.
Ова не е ниту првата апликација која во смартфон собира информации за сите летови. До сега доста популарна беше апликацијата „TriplT“ која функционираше на сличен начин, а поедини аеродроми смислија апликации кои функционирале на нивна територија. Така свои апликации, на пример имаат аеродромите „Changi“, „Singapur“, „Kingsford Smith“ и „Sydney“.

Слична апликација постои и за „android“ телефоните, под името „Pass Wallet“. Вакви потфати отвораат простор не само за аеродромите и авиокомпаниите, туку и за бројни мали претприемачи и сопственици на ресторани.
„Угостителите можат да бидат поврзани со авиокомпаниите и распоредот на летовите, па да подготват специјални понуди во случај на одложување на летовите“, наведува Луис Хајнрих, директорката во компанијата „Frojd“, која е специјализирана за дигиталниот дизајн.
Можноста да се уверат како „Passbook“ функционира, за почеток ќе имаат само жителите на САД, затоа што апликацијата поддржува само пет авиокомпании на американско тло.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1