Знакови кои ви укажуваат дека ви е потребен итен одмор


Освен поспаноста и нервозата, премореноста може да ја препознаеме по уште неколку знакови. Веројатно сте ги забележале, но не сте ги сфатиле сериозно.

1.Гладни сте? Цел ден? А, не сте прескокнале ниту еден оброк, ниту пак сте се убиле од тренирање?
Истражување од 2010 година, го поврзало недостатокот на сон, со зголеменото ниво на хормонот грелин, истиот тој кој предизвикува глад. Гладдта не само што доведува до зголемување на конзумација на грицките, туку и до зголемена желба за висококалорична храна.

2. Тажни сте? Дали плачете гледајќи некоја реклама? Додека жената за тоа може да го обвини PMS, хиперосетливоста може да биде знак за ненаспаноста. Студија од 2007 година покажала дека мозокот на ненаспаната личност, може да биде за 60 насто поактивен на негативните и вознемирувачки слики. Тоа се случува поради тоа што мозокот во таква состојба е вратен во примитивните услови и не е во можност да емоционалните искуства ги стави во одреден контекст.

3. Расеан сте и несконцентриран? Погрешно е за ова да ги обвинувате годините или пак стресот. Недостатокот на сон се поврзува со низата на когнитивни проблеми, како што се потешкотиите во фокусирањето и недостатокот на внимание, конфузија, намалена концентрација, заборавеност и проблеми со учењето. Следниот пат кога ќе заборавите каде сте ги оставиле клучевите, размислете за тоа колку време сте спиеле изминатата ноќ.

4. Не можете да се решите од настинката? Постојано ви тече од носот и не можете да поднесете повеќе?
Истражувањето од 2009 година открило дека луѓето кои спијат помалку од седум часа дневно се изложени на трипати поголем ризик да настинат, за разлика од луѓето кои што спијат по осум или повеќе часа.

5. Трапави сте повеќе од вообичаено? Првин ќе го скршите часовникот на ормарот во обидот да го исклучите алармот, потоа ќе истурите млеко по шпоретот, а на крајот ќе го шинете вратот во обид да го крцнете. На луѓето на кои што им се спие имаат позабавени движења. Рефлексите се позабавени, рамнотежата, а попушта и перцепцијата.

6. Сте изгубиле чувство за партнерот? Ако не може да ве орасположи, стресот не е проблем број 1. Експертите говорат дека мажите и жените кои немаат доволен број на часови на добар сон, им е намален сексуалниот нагон. Недостатокот на сон, може да го зголеми нивото на кортизол, хормонот на стрес, кој во секој случај не е добредојден во спалната соба.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1