Паско Кузман доби 3 години затвор за Фалнга 2


Шестмина обвинети меѓу кои и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе одлежат затворски казни за трговија со артефакти и злоупотреба на работните позиции.

Кузман е осуден на 3 години затвор затоа што издал согласност на физички лица за изведување земјени работи на две локации со цел проверка на наводите за постоење културно–историско наследство.pasko-kuzman1

Првообвинетиот, поранешниот раководител на Одделението за превенција во Управата за заштита на културно наследство, Бојчевски, кој беше најгласен во текот на постапката, беше осуден на затворска казна од седум и пол години за делата: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба,  тешка кражба и прикривање.

Тој во своја одбраната тврдеше е жртва на лажен сведок и мета на одмазда токму поради тоа што успешно се справувал со нелегалната трговија со артефакти Според него, зад трговијата со артефакти во Македонија  стојат големи финансиски моќници кои се инфилтрирани во секоја сфера на општеството.

Според обвинителството се тврди дека овој документ не е предвиден со законските и подзаконските акти на Управата. Кузман на судењето тврдеше дека   единствено Управата е надлежна за издавања согласност во вакви случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1