Паско негира – гробот на Александар не бил кај Амфиполис!


На пишувањата на грчките медиуми дека можеби станува збор за гробот на Александар Трети Македонски, Кузман вели дека за официјалната археологија е јасно дека големиот војсководец бил погребан во Египет, во Александрија, каде што доаѓале на поклонение и римските кралеви, но точната локација се’ уште не е позната.

pasko-kuzman1Иако, додава, се мисли дека гробот на Александар е на место каде што сега се наоѓа џамија која што никој жив не може да ја помести за да се потврдат таквите претпоставки. Инаку, постојат и други претпоставки, а една од тие е дека гробот се наоѓа на територијата од денешна Република Македонија, во јужниот дел, кај старите Пајонски гробишта, вели Кузман за утрински весник.

„Јас само ќе додадам дека откритието бездруго е големо и значајно за археологијата, но ако сакаме да ги потенцираме резултатите, може само да се каже дека Амфиполис сепак се наоѓа во Македонија. Така што, со постојното откритие може да се радуваме сите. А, да се открие гробот на Александар Велики е исто како да се открие гробот на Исус. Тоа за целиот светот би било огромно откритие“, вели нашиот познат археолог и поранешен прв човек на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман кој пред неколку денови доби и затворска казна за украдени артефакти од Скопскиот музеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1