Хемикалиите, кои можат да се најдат во производите кои секојдневно ги користиме, како пасти за заби и сапуни, но и пластични играчки, би можеле да влијаат на плодноста на мажите, тврди најново истражување.
Истражувачите сметаат дека хемикалиите влијаат на потентноста на сперматозоидите, менувајќи го начинот на кој тие пливаат и предизвикувајќи сперматозоидите прерано да ослободуваат ензими потребни да ја пробијат јајце клетката.
Станува збор за прво истражување кое ја покажало врската меѓу директниот ефект на хемикалиите кои ги направил човекот врз машката плодност и кои можат да се најдат во работи кои секојдневно ги користиме.
Студијата покажала дека една од три вообичаени хемикалии кои можат да се најдат во производи како што е детергентот, можат да и наштетат на спермата.
Научниците исто така веруваат дека постои „коктел ефект“ кога неколку хемикалии заедно работеле на намалување на плодноста.
– По првпат ја покажавме директната врска меѓу изложеноста на индустриските хемикалии кои негативно влијаат на ендокринолошкиот систем и имаат штетно влијание на функцијата на спермата, изјави професорот Нисл Скакебаек од Универзитетската болница во Копенхаген.
Научниците досега мислеа дека мали количини на овие хемикалии не се доволно сериозни за да предизвикаат каков било ефект.
Речиси 30 до 96 тестирани хемикалии кои можат да се најдат во секојдневното домаќинство имале директно влијание на протеинот што се наоѓа внатре во спермата, што ја контролира нејзината мобилност и можност да влезе во јајце клетката и да започне оплодување.
Постои верување дека овие хемикалии имитираат женски сексуални хормони како што е естрогенот, а тие во организмот може да дојдат со конзумирање или апсорпција преку кожата во случајот на сапуни и креми за сончање.