Патнички авион Боинг се урна во Сан Франциско (Видео/Фото)


Авионот на корејската „Азијана ерлајнс“, од типот „боинг 777“ се урна за време на слетувањето на интернационалниот аеродром во Сан Франциско. Авионот летал на релација Сеул – Сан Франциско.

2 avСпоред првичните информации, авионот при слетувањето удрил во пистата и се запалил. Патниците биле заглавени во авионот и наводно не можеле да излезат надвор.

На местото на несреќата веднаш пристигнале противпожарни служби, а детали за несреќата ќе бидат познати по увидот.

Обновено – Според последните информации во авионот имало 290 патници, едно бебе и 12 члена на екипажот две лица се починати, а повеќето од патниците кои го преживеаја уривањето на авионот  Boing 777 на Asiana Airlines се во добра здраствена состојба освен како што јавува CNN 8 возрасни лица и 2 деца се хоспитализирани и се критично – лекарите се борат за нивните животи.

 Повеќе информации од следењето во ЖИВО наABC NEWS

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1