2 жени едната од Прилеп другата од Тетово имаат ист матичен број


Прилепчанка има ист матичен број со друга жена од Тетово и поради ова не може да го оствари правото на социјална помош веќе три години, јавува Телма.

licna karta350

Музејенка Малиќи (57) од Прилеп и нејзиното семејство до пред 3 години го остварувале ова право, но во 2009 година при обид да ги обнови документите добила одговор дека има годишен приход од 90.000 денари oд пензија, иако нема ниту ден работен стаж.

Малиќи во изјава за Телма вели дека нема пари да оди и да вади лична карта.

prilep_maliki

Невладината организација РОМА С.О.С. три години се обидувала да помогне да се реши случајот, бил поведен спор пред Управен суд, а според донесената пресуда прилепскиот Центар и Министерството за социјална работа било наложено да го утврдат идентитетот на жената и да донесат законска одлука.

За случајот Малиќи бил известен и прилепскиот Центар.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во понеделник екипа на прилепскиот Центар ќе го посети семејството и ќе помогне околу постапката за добивање потребна документација за да се утврди идентитетот на Музејенка.

Видео на – Телма 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1