Откриени нови измами: Газдата на Комуникација.мк лажел дека е директор и во ВИП и АМС


Се претставувал како директор во мобилниот оператор ВИП, директор на Агенцијата за мледи и спорт, менаџер на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години, функционер во Агенцијата за управување со конфискуван имот. Уште четворица оштетени граѓани поднеле пријави против Бобан Насев, сопственикот на порталот Комуникација.мк кој беше приведен минатиот викенд, дознава Пресс24.

boboНа сите им ветувал вработување со неверојатни приказни. На еден како директор во ВИП  му ветил специјализација за ќерката во САД и вработување во Владата како дипломат за односи со јавност. Му наплатил 6.000  евра за лажна диплома по англиски за неговата ќерка со која ширум би и се отвориле портите кон успехот.

Како наводен директор во Агенцијата за млади и спорт успеал од штипјанка да земе околу 6.000 евра за вработување како негова асистентка и службено патување со него во Амстердам.

Слично постапил и наплатил и кога се претставил како директѕор на Агенцијата за конфискуван имот.

Најневеројатно е како измамил кочанчанец дека неговиот син ќе настапи на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години.

Од овие оштетени прибавил вкупно 19.500 евра. Претходно го пријавија петмина со кои вкупниот профит на Насев достигнува до 40.000 евра.

Тој е во притвор со одлука на истражен судија за повеќе дела на измама.

Извор – Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1