Патнички воз излета од шините 55 лица загинаа


Најмалку 55 лица загинаа, а 575 се повредени во вчерашната несреќа на патнички воз во Камерун, соопшти денеска претставник на владата.voz-83498

Многу луѓе се уште се затрупани на местото на несреќата во Есека.

Најмалку 15 вагони излегле од шините и се превртеле, пренесе ДПА. Возот со 18 вагони, кој патувал од Јаунде за Дуала, бил преоптоварен со стотици дополнителни патници, тврдат очевидци. Според нивните сведочења, старите шини буквално „квичеле“ и се свивале под тежината на возот.

Владата соопшти дека повредените ќе добијат бесплатна медицинска помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1