Патнички воз удри во одрон на пруга – нема повредени


Патнички воз кој сообраќа на релација од Скопје кон Битола синоќа околу 22.00 часот меѓу селата Теово и Согле удрил во одрон од камења и земја кои биле на самата пруга. Нема повредени, но е предизвикана материјална штета.voz

Како што се наведува во денешното соопштение од МВР, патнички воз бр. 645 со моторна гарнитура бр. 712+108, управуван од машиновозачот Ц.Т., вчера во 22.00 часот на железнички километар 37+00 помеѓу железничките стојалишта во село Теово и село Согле наишол и удрил во одрон, при што од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и истата е излезена од пругите.

Повредени патници и возен персонал нема, а патниците од страна на полициски службеници биле спроведени од местото на несреќата до село Согле од каде со автобус на Македонски железници биле пренесени до потребната дестинација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1