Патник успеал да приземји авион на Хамберсајд аеродромот во Велика Британија, откако на пилотот му се слошило и останал без свест веднаш откако полета.
Авионот морал итно принудно да слета – а со него седнал да управувал патник кој за прв пат влегол во пилотска кабина.
Тој цело време бил „воден“ од двајца инструктори за летање, кои на помош биле повикани од контролната кула.
Пилотот во меѓувреме починал.