Патник од возот на смртта: Се слушна удар, снема светлото, а потоа се слушна врискање


Еден од патниците на германскиот воз кој рано утрово се судрил со друг патнички воз кај градот Бад Ајблинг во Баварија, опишал што се случувало во моментот на несреќата.

Патникот Патрик Б. им раскажал на новинарите на весникот Rosenheim24 како се чувствувал во моментот на судирот и што се случувало подоцна.voz-nesrekja-germanija-patnik-01

“Кратко откако возот тргна од станицата, нагло закочи, се слушна силен удар и се изгасна светлото”, рекол Патрик.

Ги затворил очите, а потоа слушнал врискање и повици за помош од сите страни. Му помогнал на едно дете кое седело покрај него, ги притиснал копчето за отворање на вратите во случај на опасност и го повикал бројот за итни случаи 112.

“Сите патници ги извлековме, само еден човек кој ја скршил ногата не можевме да го пренесеме. Набрзо дојдоа и спасувачите. Од урнатите делови на возот слушнавме повици за помош, но во мракот не можевме да направиме ништо. Сакавме да извлечеме повеќе луѓе, но без помошни средства немавме никакви шанси”, рекол тој.

По повод страшната несреќа била одржана и конференција за медиуми, на која се обратил министерот за сообраќај Александар Добринт.

“Глетката е страшна. Шокантно е тоа како возовите се судриле! Сигурно со голема брзина се судриле еден со друг. Ова е тежок момент за железничкиот сообраќај во Германија”, објаснил тој во обраќањето до новинарите.

Добринт им се заблагодарил на припадниците на спасувачките служби, кои во “најтешки услови спасиле многу животи”.

“Со оглед на топографијата на местото на несреќата, мораме да почнеме од претпоставката дека двајцата машиновозачи пред судирот не се виделе еден со друг”, рекол министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман, кој исто така им се заблагодарил на ефикасните спасувачи. Благодарение на нив, сите повредени брзо и професионално биле згрижени, истакнал тој.

Најмалку девет лица загинале, а по две лица се трага, додека околу 150 луѓе биле повредени денес во судирот на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија, јавуваат германските медиуми.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1