На местото на несреќата на авионот „Airbus A320“ кој на 24 март се урна во Алпите во јужна Франција, е пронајден видео материјал на којшто се снимени последните секунди од летот, пишува германскиот магазин Bild.
Според сознанијата на весникот, видео снимката на местото на падот ја пронашло лице кое учествувало во истрагата. На неа било видливо во каква панична и очајна состојба се патниците во авионот на летото 4U9525 од Барселона за Дизелдорф. На снимката на различни јазици се слушаат лелекања и плач на патниците. Квалитетот на снимката неопходно е да се подобри, сцените се хаотични и нејасно, невозможно е да се идентификуваат лицата според тие кадри, пишува весникот повикувајќи се на истрагата.
Bild истакнува дека автентичноста на снимениот материјал не се доведува во прашање.
Обвинителот на францускиот град Марсеј, Бри Робен, на барањето на германските медиуми одговорил дека не знае ништо во врска со споменатиот пронајден видео материјал. Според него, биле пронајдени неколку мобилни телефони во многу лоша состојба. Со нив во моментов „работат иследниците“, го цитира агенцијата DPA.
Според ABC Online, видеото било направено со мобилен телефон и ги покажува последните хаотични секунди во авионот. Од него може да се заклучи дека патниците знаеле што се случува со нив пред пилотот Андреас Лубиц да го урне авионот во француските Алпи.