Патниците останале без здив: До нив летало вселенско летало – еве како изгледало (ВИДЕО)


Патниците во авионот кој леташе кон Сан Франциско добија неочекувано друштво во воздухот – вселенското летало Virgin Galactic SpaceShipTwo и носачот White Knight Two.

Носачот на вселенски летала цели 10 минути леташе покрај патничкиот авион, со што им овозможи на патниците едно сосема незаборавно случување.Screenshot_23

White Knight Two го носи вселенското летало на височина од 15 километра. Тогаш Virgin Galactic SpaceShipTwo се одвојува од матичниот авион, а патниците во тој момент стануваат астронаути.

Комерцијалните летови во вселената со Virgin Galactic SpaceShipTwo се планирани до крајот на оваа година. На листата на чекање веќе има 600 луѓе кои се подготвени да платат 250.000 долари за едно вакво патување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1