Двајца министри во владата на БиХ добија по 1 месец притвор – фатени се при малверзации


Обвинителството на Босна и Херцеговина побара денеска едномесечен притвор за двајца министри во Владата на Федерацијата БиХ, уапсени под сомнение за даночно затајување и проневера.

Притвор е побаран за заменикот претседател на Влдата на БиХ и министер за земјоделство Јерко Иванковиќ Лијановиќ и за ентитетскиот министер за трговија Милорад Бахиља.bosna-ministrii

Покрај нив, побарано е и притвор за уште пет од 14 осомничени меѓу кои и двајца браќа на Иванковиќ Лијановиќ – Јоза и Слава. Четвртиот нивни брат, Младен кој е и пратеник во Парламентот на БиХ и претседател на политичка партија, денеска е пуштен на слобода.

Уапсените се товарат за кривични дела со кои на буџетот му нанеле штета поголема од 11 милиони конвертибилни марки и тоа е најголема акција во пост-Дејтонска БиХ насочена против организиран криминал и даночно затајување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1