Нов закон: Пред да ве исклучат за неплатени сметки, ќе мора да ве најдат и опоменат


Според новините во предлог-законот за општа и управна постапка за комуналните претпријатија, пред да ве исклучат за неплатена сметка, ќе мора прво да ве најдат и да ве опоменат.

ЕВН, Водовод, Телеком или Топлификација, повеќе нема да можат толку лесно да ги исклучуваат граѓаните само за две неплатени сметки. Со новиот закон за општа управна постапка што се подготвува, првин ќе мора против неплаќачите да поведат постапка пред Управен суд, а од друга страна, пак, и граѓаните ќе имаат право на приговор, пренесува Телма.

-Ако не сте платиле, тие ќе мора да ве викнат, да поразговараат со вас, а и вие ќе имате право на приговор, ако не сте задоволни од нивните услуги, вели  деканот на Правен факултет, Борче Давитковски.

smetka strujaГраѓаните ќе можат да се жалат пред регулаторните тела и доколку не се задоволни од услугите на овие организации, како и на кабелските оператори. Ова според Давитковски, е радикална новина, што во прв план го става примателот на услугите, односно потрошувачот. Со законот треба да се надмине и друг проблем на кој граѓаните постојано се жалат, а тоа е губењето на нивните документи од страна на институциите.

-Имаме многу поплаки од луќе дека им се губат документите, овој закон тоа повеќе нема да го дозволува, сега точно ќе се знае кој, дали и каде ги испратил документите, вели министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Сите документи кои комисиите си ги препраќаат едни на други, ќе мора да бидат снимени во дигитален формат, а комуникацијата меѓу институциите ќе се спроведува по електронски пат.Според министерот, ќе се скратат и роковите за жалби, кои ќе се поднесуваат директно во второстепената комисија. Единствено казните остануваат исти.

Законот се подготвува заедно со експерти од Правниот факултет и Европската унија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1