Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција


Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“.

Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава на министрите за надворешни работи на Вишеградската група и земјите од Балканот – членки на Европската унија, преку својата страница на Фејсбук напиша дека денешната акција е дел од операција која е подготвувана со месеци и која последните денови се одвивала и во други делови на Косово.

– Косово сака да ја покаже својата решеност за борба против организираниот криминал, корупцијата и и злоупотребата на службената должност и ги повикуваме сите да ги поддржат таквите дејствија, напиша Пацоли.

Тој побара од Србија да не ја злоупотребува денешната полициска акција, за која вели дека е вообичаена активност усмерена против организираниот криминал.

– Ја повикувам Србија да не злоупотребува политички една вообичаена полициска операција. Ги повикувам да ја поддржат борбата против организираниот криминал и да не се противат на таа борба. Она што е битно е добросостојбата на сите заедници кои живеат во Косово и Владата на Косово гарантира дека тоа е нејзин висок интерес. Јас го осудувам повикот на српските власти за мобилизација на војската поради една обична полициска операција против мрежите на организиран криминал, напиша Пацоли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1