Прокопис Павлопулос е новиот грчки претседател, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Со 233 гласа за и 32 воздржани, грчкиот Парламент му ја даде неопходната поддршка на кандидатот предложен од владечката коалиција. Неговиот единствен против кандидат Никос Аливизатос освои 30 гласа.
64 годишниот Прокопис не е дел од една од двете владеачки партии во грција. Овој правник и универзитетски професор доаѓа од редовите на конзервативната Нова Демократија на Антонис Самарас и во минатото беше и министер за внатрешни работи.
Од неговите досегашни настапи во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно и историско име, се чини дека тој спаѓа во групата политичари што сметаат дека решението не смее да го содржи терминот Македонија и негови деривати.
Кога во неодамнешното гостување во телевизиска емисија, портпаролот на Независни Грци Теренс Кук ја обвини тогашната влада на Нова Демократија и ПАСОК дека со позицијата за сложено име со географска одредница се согласиле да ни го дадат името Македонија, Павлопулос реплицираше дека таков договор меѓу коалициските партнери нема и нема да има.