Пазарната инспекција синоќа влегла на седум свадби


Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свдабени веселби и покрај забраната поради коронавирусот.

Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје.

„За субјектите кои организирале свадби ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство“, велат од Владата.

Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден спровел над 100 контроли низ целата држава.

Вкупно за 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи, меѓу кои спаѓаат и организаторите на свадбените веселби.

Дополнително, за непочитување на протоколите казнети се уште 2 субјекти во Струмица, 5 во Скопје и 1 во Битола.

За четири субјекти кои не го почитувале работното време, ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.

Синоќа беше приведен сопственикот на ланч барот „Мош“ во Скопје, каде викендов во два наврати се случуваше концерт на Владо Георгиев без почитување на протоколите. Тој е приведен поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1