Џенифер Анистон ја скрати косата минатата седмица кај нејзиниот долгогодишен фризер.
„Не ја скратив поради улога. Ми беше оштетена од бразилско фенирање“, признала актерката.
Њујоршкиот стилист Оскар Бланди, чиј клиентки се меѓу другите и Џулиен Мур, Ума Турман и близначките Олсен, предупредува дека треба да се биде внимателен со овој третман.
Овој контроверзен третман користи формалдехид и кератин за да ја исправи косата и ефектот да трае три месеци.
„Третманот може да биде успешен, но претходно треба да бидете сигурно дека косата е во добра состојба, доволно цврста за го поднесе. Не се препорачува за тие што ја бојадисуваат косата бидејќи нивните влакна не се доволно силни за да го издржат третманот. Најдобро е да се тестира на мал прамен пред да се примени“, вели Оскар.
Ваков третман, направен од професионалец во САД чини околу 300 долари, Тие што веќе направиле бразилско фенирање мора да користат шампон без сулфат за да ја зачуваат косата.
Kanal 5