Пчели јаделе „M&M’s“ бомбони – дале мед во боја (Видео/Фото)



Од отпадоци од чоколатцата на „M&M’s“ од фабриката за чоколади во француската област Алзас, во кои пчелите наоѓале шеќер, излегувал мед со сина, зелена и виолетова боја. Меѓутоа, необичниот производ не е на продажба.

Пчеларите на североисток на Франција, биле затекнати кога во своите кошници виделе мед со синкаста, виолетова и зеленкаста боја. Необичната појава се припишува на фабриката за биогориво во околината на местото Рибовил, во областа Алзас.

Се претпоставува дека пчелите јаделе остатоци од шеќер од чоколатцата „M&M’s“.

Алзашката компанија „Агривалор“, која преработува отпад од фабриката за чоколади „Марс“ во чии отпадоци пчелите нашле шеќер, соопштила дека жали заради настанатата ситуација и дека се преземени мерки, за да не се повтори слична ситуација, пренесува Би-Би-Си.

-Утврдивме дека има проблем истовремено со пчеларите. Брзо покренавме процедура за да го спречиме тоа – изјавил портпаролот на компанијата „Агривалор“, Филип Меинар.
Компанијата, чие седиште е околу  100 километри од Стразбур, соопштила дека ќе ги исчисти отпадните контејнери и дека ќе го складира целиот преостанат отпад во запечатени контејнери и итно ќе ги преработи.
Не е за продажба


Портпаролката на Британското здружение на пчелари, Џил Маклин изјавила дека пчелите се доволно паметни, бидејќи знаат „кои се најдобрите извори на шеќер, доколку во околината не постојат некои други“. Маклин кажува дека е можно обоениот шеќер да го контаминирал медот.
Истото го тврдат и француските пчелари, кои наведуваат дека нема да можат да продаваат „син мед“ на пазарот. Тие наведуваат дека, иако „синкасто – зелената супстанца“ со вкусот потсетува на мед, таа сепак не е тоа.

Еден локален пчелар изјавил дека за него „тоа не е мед и тоа не може да се продаде“.
Бројот на пчелите во светот, последниве години драстично опадна. Острата зима и прекумерните врнежи, што не е карактеристично за сезоната, влијаеле оваа година пчелите да не можат да соберат доволно полен годинава. Поради тоа, пчеларите морале да им помогнат на пчелите и да им дадат шеќер во сируп, за да не останат без мед.
Франција е најголем произведувач на мед во Европската Унија. Земјата годишно произведува 18.330 тони мед, иако Франција е најпозната по производството на вино. Само во Алзас има околу 35.000 пчеларски колонии во кои се произведува по 1.000 тони мед годишно.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1