Италијанец стар 35 години преку сервиси за брз трансфер на пари на неколку деца во Македонија кои не наполниле 14 години им платил вкупно 4.307 евра за нивни голи фотографии и видеоснимки, соопшти МВР.
Педофилот контактирал со децата преку Скајп и Фејсбук. Барал да се соблекуваат, да се допираат, и фотографиите и видеоснимките што самите ги правеле, да му ги испраќаат.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.С.(35), државјанин на Италија. Тој кривичното дело го вршел од јануари 2013 до февруари 2014 година.
Полицијата извршила претрес во домовите на децата при што се пронајдени компјутери и мобилни телефони преку кои се одвивала комуникацијата со педофилот од Италија, по што уредите се однесени на вештачење во МВР.