Трудницата која почина во Скопје на Гинекологија била 5 месец – починала од сепса


На скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) вчера почина трудница во петтиот месец од бременоста откако дошла на Клиниката по претходна дијагноза дека во себе носи мртво бебе, пишува Република.

klinika-za-ginekologija

Кај нејзе веднаш била констатирана сепса, но поради нејзината критична состојба и обилното крварење откако и бил изваден плодот, докторите не успеале да ја одржат во живот.

Неофицијално починатата е од скопско и била на 38-годишна возраст. Според информациите на zdravstvo24.mk жената имала комплицирана бременост и искрварила, а лекарите неколку часа се обидувале да ја спасат. Од ГАК го потврдуваат случајот, а официјално соопштение најавија во текот на денот.

Телото на починатата е дадено на обдукција, а деталите допонително ќе се утврдуваат.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1