Вчера Србија и Балканот останаа без зборови, откако српските медиуми ја објавија веста за педофилот, кој одел на бајачки за да може “срната” која му паднала на око да ја допре и почувствува.
Верувале или не, но овој педофил се обидел да ги задоволи своите сексуални нагони, но не можел да ја силува жртвата и да ја задоволи својата ненаситна душа. Според податоците од српските медиуми, се работи за 31-годишниот Д.Т. кој бил буквално опседнат со девојче кое има дванаесет години и е шесто одделение, па по неуспешниот напад и ги зел телефонот, неколку прстени и чорапите и ги однел кај бајачка, за да најде решение на неговиот проблем, и да му најде начин за да може да и се доближи.
Како што пренесоа српските медиуми, Д.Т. се обидел да ја силува малолетничката минатата година. Се сокрил во близина на училиштето каде оди на настава девојчето и ја чекал да заврши со часови. Кога поминала тој ја зграбил и се обидел да ја силува, но девојчето успеало да се извлече од канџите на педофилот и да им раскаже на родителите што се случило, по што тие случајот веднаш го пријавиле во полиција.
Инаку, осомничениот сам се пријавил во полицијата во Зајечар минатата среда.