Педофил во Скопје фаќал деца на улица и се обидувал да ги силува во влезови од згради


Полицијата го фати 28 годишниот педофил по пријавите за два случаи во кои тој бркал девојчиња на возраст од 10 и 11 години, кога ќе ги фател се обидувал да ги затвори во влез од зграда и да ги силува. МВР се сомнева дека ова не се единствените случаи и повикува доколку има други да пријават и да отидат на препознавање. 

За среќа двете девојчиња успеале да избегаат и да избегнат силување. Педофилот е фатен и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

pedofil siluvanjeИмено, според документираните сознанија од истрагата И.Г. на 02.11. минатата година околу 18,15 часот на ул. “Максим Горки“ во близина на плоштад Македонија, пресретнал и застанал единаесетгодишно дете од Скопје, откако претходно го следел, го фатил и тегнел за рака притоа сакајќи да ја одведе во зграда на темно место на вториот кат.

Во еден момент се обидел да го соблече и допира по телото по што детето успеало да се ослободи и побегнало во објект во кој е сместена туристичка агенција каде побарало помош од вработениот барајќи истиот да се јави кај нејзиниот татко.

Пријавениот влегол во објектот и кога видел дека детето објаснува, истиот му се обратил на вработениот дека ништо лошо не направил, туку само побарал детето да му покаже некоја зграда во близина, по што си заминал.
Од страна на таткото детето настанот е пријавен во МВР на РМ, и притоа детето извршило препознавање по фотографии и го препознало И.Г. како сторител на кривичното дело.

Во вториот случај на 21 овој месец, околу 12,30 на ул. “Никола Парапунов“ во паркот пред зграда бр.2 И.Г. пресретнал десегодишно дете од Скопје и откако ја прашал дали знае каде е зграда бр. 9 во еден момент ја фатил за рака и под мишка со намера да ја внесе во влезот од зградата. Детето му се опирала и го молело да ја пушти, на што И.Г. и рекол дека е извалкана на панталоните и почнал да ја допира за бутините со движење како да ја чисти и трие и ги соблекол панталоните и почнал да ја допира, но во еден момент детето успеало да му се отргне и да избега дома каде се сокрила во својата соба а потоа за настанот кажала на својата мајка.

Настанот е пријавен од таткото на детето и наедно извршено е препознавање од фотофокументацијата, пришто детето го препознало И.Г. како извршител на кривичното дело.
Во СВР Скопје во тек се мерки за расчистување и на други вакви кривични дела за кои постои сомнеж дека се извршени од пријавениот и доколку одредени граѓани се оштетени при ваквите кривични дела може случаите да ги пријават во најблиската ПС и да направат увид во фото-документацијата.Инаку од извршената проверка во крим.евиденцијата на СВР-Скопје лицето И.Г. минува за сторени кривични дела: “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, “силување во обид“ и “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ – соопшти МВР

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1