Педофилска секта во Србија врбува деца за секс


Озлогласена американска секта позната по оргиите, педофилијата, инцестите и иживувањето врз децата „Д Фемили Интернешенел“, претходно позната како „Д Чилдрен оф Гад“, од 1995 година делува на територијата на Србија со седиште во Нови Сад.

priest pedofilija

Од неодамна оваа секта, сокриена зад марионетски фирми, фондации, организации и здруженија, собира голем број млади од Нови Сад во едно популарно кафуле во центарот на градот. Според српскиот весник Курир овие невладини организации, здруженија и фондации се само параван зад кој се крие вистинската цел на сектата, да се врбуваат што е можно повеќе деца кои понатаму ќе бидат сексуално искористени.

Целна група на сектата се деца припадници од ромската популација, од сиромашни семејства, деца без родители и деца со пречки во развојот

Српските медиуми со месеци ги истражувале активностите на оваа контроверзна секта во Нови Сад и дошле до страшни податоци. Имајќи во предвид дека сектата не е регистрирана ниту како организација ниту како религија или верска установа, пронаоѓањето на цврсти докази за нивните вистински активности претставувало колосална задача. Сокриени зад стотици организации, фирми и фондации, успеале својата мрежа да ја прошират низ целиот свет, од Америка, преку Балканот па се до Јапонија.

Оваа секта претставува секташка верска организација која е основана во 1968 – ма година во Калифорнија. Оформена е за време на хипи движењето, делува во околу 100 земји и има најмалку 32.000 следбеници ширум планетата.

sekta-familija-ljubavi-dejvid-berg-1373493264-337747

Основач и лидер на сектата бил Дејвид Берг, познат под псевдонимите Мојсеј Дејвид, Крал и Последниот пророк Дејвид. Како што се развивала и ширела сектата ширум светот, Берг, во 1974 година започнал со проповедање на еванѓелистичка метода под називот „Флрти Фишинг“, односно искажување на љубовта кон Бог преку секс.

Библиски верувања, со додаток на инцест

Верувањата на оваа секта се засновани на Библијата, но оваа секта пропагира неконвенционални верувања кои се многу атипични надвор од сектата.

Слободниот секс претставува главна карактеристика на сектата. Имајќи во предвид дека членовите на сектата живееле во комуни, групниот секс бил многу честа појава, но сексот со поединци кои не се членови на сектата бил строго забранет. Забраната следела по појавата на СИДА.

Исто така, сектата често била на удар на медиумите и полицијата поради сексуалните односи меѓу возрасни и деца, деца меѓусебно и родители со сопствените деца. Еден од шокантните записи, односно проповеди на Берг е книгата „Секс со баба“, каде е опишан главниот чин и чувствата за време на истиот.

Како оваа секта дошла во Србија? Кои се нејзините активности? Како делува?

pedofilia

Според официјалните податоци, претставници на оваа секта прв пат дошле во Србија во 1995 година како мисионери носејќи помош на оние кои биле најзагрозени за време на војната. Американецот Џефри Вормус и Ана Вормус од Финска први ја посетиле Србија во рамки на „божјата мисија“ за која, како што тврдат, самиот Бог ги одредил.

Нивната мисија се одвивала во рамки на проектот „Лечење на срцето-Балкан“, кој е под надзор и финансиска поддршка на  „Д Фемили Кер Фодејшн“(ФЦФ).

Доколку ја посетите интернет презентацијата на ФЦФ, на дното на страницата ќе ја најдете мапата на светот. На таа мапа се наоѓаат локации на кои ФЦФ делува. Кога ќе кликнете на Европа, потоа на Балкан, па на Србија, односно Војводина, ќе бидете пренасочени на интернет презентацијата на хуманитарната организација „Хелинг Хартс Балканс“.

Податоци за регистрација на оваа хуманитарна организација не се пронајдени, но пронајдена е официјалната адреса, на која исто така се наоѓа и градинката на сектата под назив „ Early Birds Kids Club“ .

Прва посета на Нови Сад-на EXIT во 2008

Претставниците на сектата прв пат го посетиле Нови Сад во 2008 година за време на Егзит фестивалот. Се верува дека група млади набрзо по фестивалот се доселиле во Нови Сад каде организирале работилници и курсеви по странски јазици.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1