Видео: По 39.000 години најден мамут со сочувано крзно – прв пат прикажан на јавноста


Благодарение на ледот, каде што тој бил сочуван, пронајден е мамут кој е исклучително добро сочуван, а научниците дури и сметаат дека ќе бидат во можност да извлечат  крв, која ќе обезбеди дури и на способноста да се клонираат волнени мамути.

mamutЗамрзнатиот мамут, чии остатоци беа пронајдени во Русија во Новосибирските Острови имал 2 ипол години кога починал, вели  Семјон Григориев од музејот во Јакутск

– Никој никогаш не  видел како изгледа крв на мамут, долниот дел од телото, долната вилица, јазикот, ткива тоа беше непознато се досега бидејќи овие делови кај пронајдениот примерок се исклучително добро сочувани.

Се претпоставува дека мамутот паднал во вода или бил заробен во мочуриште.

mamut2

Инаку, волнениот мамут е исчезнат пред околу 10.000 години.

Иако постои несогласување за тоа што дал смртоносен удар на овие животни, најновите истражувања покажуваат дека ловот од страна на луѓето, заедно со климатските промени и промените во нивните природни живеалишта, одиграле клучна улога.

Иако е пронајден пред речиси 3 години тој досега не беше виден од јавноста. Од неодамна овој мамут е во Јапонија, на изложба во Јокохама, каде што ќе остане до септември и каде за прв пат е изложен на пошироката јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1